БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА „ЛЕТАЛ“ НАД 100 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО Кривична пријава за скопјанец
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ - „безобѕирно управување со моторно возило”.
Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул. Александар Македонски во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час.
МВР денеска соопшти дека покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило”.