Поради изведување на водоводен приклучок од ф 80 милиметри на улица Виктор Иго бб во населба Кисела Вода, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од оваа, како и од улиците Невена Горгиева Дуња, Драга Стојановска, Балзакова и Дренак.
Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па се до завршување на активностите.