БЕЗ ВОДА САРАЈ, МАТКА И ДЕЛОВИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Се санира дефект на улица во Сарај
До завршување на санацијата без вода денеска, 10 декември, се населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, како и високите катови во Ѓорче Петров.
Дел од општина Сарај и високата зона на Ѓорче Петров утрово останаа без вода поради дефект на затворач со пречник од 350 милиметри на улица 20 во населбата Сарај, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
Од претпријатието наведуваат дека прекинот почнал во 07:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата. Без вода се населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, како и високите катови во Ѓорче Петров.
„Екипите се на терен и работат на што побрзо нормализирање на водоснабдувањето“, соопштија од јавното претпријатие.