Без вода дел од жителите на Драчево

382

Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф-100 мм прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во населба Драчево.

– Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф-100 мм на улица „Румена Хаџипанзова“ 62, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица „Румена Хаџипанзова“, „Коперникова“, „Aнтон Димитров“, „Славка Димкова“ и „Малешевска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на дефектот – соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поврзани содржини