БЕЗ ВОДА АМБУЛАНТАТА НА МВР И ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ПРОЛЕТ Жители околу Олимписки базен неколку часа ќе немаат вода
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска, од 8 часот, без вода ќе бидат корисниците спроти Олимпискиот базен во Центар, од 9 часот водоснабдувањето ќе биде прекинато кај салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, а од 15:30 неколку улици во Чаир.
Од јавното претпријатие информираат дека денеска, поради уличен дефект ф500 мм на булеварот Кочо Рацин (спроти Олимписки Базен), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот Кочо Рацин (потегот од ул.11 Октомври до Кеј 13 Ноември), улиците Тетовска, Стив Наумов и дел од Раде Јовчевски Корчагин, амбулантата на МВР, Полициската станица Пролет и ресторанот „Ла Тана“. Корисниците ќе бидат без вода од 08:00 часот до завршување на работите.
Поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улица „852“ бб (кај Мерцедес), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зградите на ул.852 од 09:00 часот до завршување на активностите.
Поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150 мм. на ул. Втора македонска бригада бб, кај ТЦ Тијамо, без вода ќе бидат корисниците на улиците од Втора македонска бригада, Архепископ Доситеј, Ресенска, Вуковарска и Струмичка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:30 часот до завршување на дефектот.