Без вакцина нема мобилен телефон!

Пакистанските власти пред неколку дена им се заканија на граѓаните дека ќе им забранат да користат мобилни телефони доколку не се вакцинираат против коронавирус.

581

Луѓето во најнаселената провинција во Пакистан ги преплавија центрите за вакцинација против ковид-19 неколку дена откако властите во Пенџаб се заканија дека ќе ја блокираат услугата за мобилни телефони за оние кои одбиваат да се вакцинираат.

Пакистанските власти пред неколку дена им се заканија на граѓаните дека ќе им забранат да користат мобилни телефони доколку не се вакцинираат против коронавирус.






Претходно се одржа состанок на здравствените власти во најнаселената провинција Пенџаб во Пакистан, со кој претседаваше министерот за здравство Јасмин Рашид, на кој беше заклучено дека вакцинацијата мора да се забрза. Сепак не беше соопштено од кога би се спроведувала таквата мерка.

По првичниот план за вакцинирање на повеќето од 67 милиони жители на Пенџаб до крајот на годината, владата успева да вакцинира само 52.000 луѓе на ден. Многумина сметаат дека причина за тоа е слабата информираност на Пакистанците за важноста на вакцината или загриженоста за можни несакани ефекти, наведува РТЛ.

Поврзани содржини