Без струја утре неколку скопски општини

Без струја ќе останат дел од општините Гази Баба, Центар, Илинден, Аеродром, Петровец и дел од општина Карпош.

226

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Гази Баба, Центар, Илинден, Аеродром, Петровец и дел од општина Карпош.

Во период од 8.40 до 12 часот, без струја ќе биде дел од улицата Трубарево, кај Црквата, улица 1 и 2, дел од улица Благоја Стефановски кај Црквата и дел од улица „Вера Јоциќ“ кај Црквата, во општина Гази Баба.






Без електрична енергија утре од 16.30 до 21 часот ќе бидат корисниците околу кружниот тек кај кафулето Круг, улица Орце Николов од број 93 до 99, Хелсиншки комитет на улица Наум Наумовски Борче од Ленинова до Илинденска и Министерство за култура на улица Мирослав Крлежа, во општина Центар.

Од 5.30 до 12.30 часот без електрична енергија, во општина Илинден ќе биде цела индустриска зона покрај автопатот-Сатра, Ролопласт, Каз Груп па се до Вичишки Комерц, цел регион од Сатро до складот Макпетрол, по должина на автопатот, Хотел Белви-од 05:30 до 06:00 часот, а потоа од 12:00 до 12:30.

Без струја од 13 до 16 часот утре ќе биде и објектот на HANTERSLIFE – Дом за стари лица, дел од село Катланово што се напојува од ТС Младинска населба Катланово, во општина Петровец.

Во период од 6 до 07.30 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица Анастас Митрев и дел од улица Венјамин Мачуковски, во близина на маркетот ЗУР, во општина Аеродром. Без електрична енергија ќе биде и дел од улицата Петар Ацев, во период од 9 до 16 часот.

Од 09 до 14 часот без електрична енергија ќе биде улица Димо Хаџи Димов куќни броеви непарни од 45 до 55 и куќни броеви парни од 42 до 68, во општина Кисела Вода.

Без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Ракотинци, односно во период од 09 до 11 часот, помеѓу зградата на Општина Сопиште и основното училиште во село Ракотинци.

Во период од 10 до 12 часот без напон ќе останат трафостаниците ТС Брњарци 1 и 2, ТС Обиколница 1 и 2, ТС Давос, ТС Жик Краварство, ТС АРС Комерц, дел од Обиколницата која се напојува од ТС Обиколница 1 и ТС Обиколница 2, цело село Брњарци, населба Сингелиќ, односно дел од улица Методија Андонов Ченто, бензиската пумпа Лукоил, Мерцедес Бенц, Дизел Техник, Беса Компани и фирмите во околина

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улица Франце Прешерн, во општина Карпош.

Поврзани содржини