Без струја утре делови од Козле

254

Заради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре од 09 до 14:30 часот без струја ќе бидат делови од населбата Козле во општина Карпош.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека без струја во овој временски период ќе бидат жителите на улица Јуриј Гагарин од бр.14 до бр.50 (парни броеви), улица Козле од бр.109 до бр.156, како и дел од улиците Струшка, Кораб и Јуриј Гагарин од бр.79 до бр.105 (непарни броеви).

Поврзани содржини