БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД КИСЕЛА ВОДА И ОД ЧУЧЕР САНДЕВО Без вода улицата Јани Лукровски

124

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата Јани Лукровски во Општина Гази Баба.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Христо Таарчев крак – 24, а од 09 до 15 часот, корисниците од селото Бродец.






Исто така, поради промена на затворач од водоводна мрежа на улицата Јани Лукровски број 10, утре од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица.

Поврзани содржини