Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел, Аеродром и Сопиште. Без вода ќе бидат корисниците од улицата Ванчо Мицков.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, утре од 08:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Кумановска во населбата 11-ти Октомври, а од 08:30 до 14 часот, корисниците од дел од населбата Момин Поток , поточно објектите во околината на зградата на „Мотоцентар“.
Од 09 до 13 часот, без струјаа ќе бидат корисниците од улицата Бутелска – крак бр.2 и крак бр. 6, а од 09 до 13:30 часот, корисниците од улиците Горно Лисиче и Лисец.
Од 09 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Добридол, место викано Садиње, поточно после Домот за стари лица кај Панорама.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.