Без странски навивачи на Олимписките игри во Токио
Властите во Токио оценија дека влез на странски навивачи во земјата нема да биде можно, бидејќи јапонските граѓани стравуваат од ширење на ковид-19, како и појавата на нови мутации на вирусот, наведува јапонската новинска агенција
Јапонската Влада одлучи да ги организира летните олимписки и параолимписки игри во Токио без присуство на странски државјани на трибините, поради загриженоста на јапонското население поврзана со пандемијата на ковид-19.
Властите во Токио оценија дека влез на странски навивачи во земјата нема да биде можно, бидејќи јапонските граѓани стравуваат од ширење на ковид-19, како и појавата на нови мутации на вирусот, наведува јапонската новинска агенција.
Претходно денеска беше соопштено дека свеченото отворање на Олимписките игри (ОИ), закажано за 23 јули во Токио, како и церемонијата за почеток на патувањето на олимпискиот факел низ Јапонија, предвидена за 25 март во префектурата Фукушима, ќе бидат одржани без присуство на публика