БЕЗ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ СЛЕДУВААТ НЕПРИЈАТНИ ПОСЛЕДИЦИ Бугарските историчари потсетуваат дека постои механизам за стопирање на преговарачкиот процес со ЕУ
Ако не ги спроведат препораките, тогаш тоа значи дека Договорот не е исполнет. Во тој случај ќе следуваат непријатни последици за имплементирање на Договорот, а тоа, пак, си носи други последици, изјави историчарот Наум Кајчев за БТВ, пренесе Алсат-М.
Заменик-претседателот на бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Наум Кајчев, очекува досега усвоените препораки да бидат имплементирани и во Македонија и во Бугарија, а како што вели, доколку Скопје не го спроведе тоа што е договорено, тогаш ќе биде активиран механизам со кој ќе се попречи преговарачкиот процес на земјава со ЕУ.
– Ако не ги спроведат препораките, тогаш тоа значи дека Договорот не е исполнет. Во тој случај ќе следуваат непријатни последици за имплементирање на Договорот, а тоа, пак, си носи други последици – изјави историчарот Кајчев за БТВ, пренесе Алсат-М.
Македонскиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, токму на денешната прес-конференција истакна дека сето тоа што е договоремо меѓу историчарите треба да се исполни, на база на реципроцитет, односно во истиот момент кога тоа ќе го стори и Софија.
За таа цел, посочи вицепремиерот, во МНР веќе се формирани работни групи коишто се задолжени за имплементација на препораките на историчарите.
– Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати, да ги спроведат. Секако, тоа оди во фази и оди низ филтрите на институциите. Нам ни е важно да тече таа дискусија и да има можност резултатите од работата на Историската комисија да бидат преточени во општеството без да се загрози нашиот идентитет и сигурен сум дека е тоа можно – рече Маричиќ.