БЕЗ СОМНЕНИЕ, ЌЕ НАПАДНЕМЕ ПАК АКО ТРЕБА Трамп ја шокира јавноста со закана до Иран
Претседателот на САД рече дека поддржува инспекција на иранските нуклеарни објекти оштетени при претходните американски напади.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска дека изјави дека доколку биде потребно, ќе ја разгледа можноста за повторни бомбашки напади врз Иран.
Тој додаде дека поддржува инспекција на иранските нуклеарни објекти оштетени при претходните американски напади.
На новинарско прашање за евентуални нови воздушни удари врз Иран, Трамп одговори: „Да, без сомнение, апсолутно“.
Трамп, подоцна, исто така му одговори на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, кој претходно тврдеше дека Иран „им удрил шлаканица на САД“ со напад врз американска база во Катар.
– Тој знае дека тоа е лага – напиша Трамп на неговата мрежа Трут Соушл.