БЕЗ РАЗЛИКА НА ИСХОДОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ Мицкоски ги отфрла шпекулациите за скриена заднина на референдумската иницијатива

Никој во ЕУ не може да ни гарантира дека Бугарија нема да продолжи со својата политика на вето. Оттука единствен пат е укинување на билатералниот Договор – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

829

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот бринфинг со новинарите рече дека, без разлика дали референдумот ќе успее или не, тој и неговата партија во никој случај нема да гласаат за уставни измени со кои Бугарите би влегле во преамбулата на Уставот и референдумот не е поврзан со таа можност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат првите што ќе се потпишат на иницијативата за референдум, рече Мицкоски.

Тој рече дека е убеден дека најавениот референдум ќе успее и оти граѓаните ќе ја препознаат неговата важност.






– Пред нас постојат две дилеми, што доколку референдумот кој треба да биде задолжителен не успее, и второто е што ние немаме проблем со Берлин или Париз туку имаме проблем со Софија, зашто без да ја дефинираме историјата согласно нивните факти ние нема ниту да ги почнеме преговорите нити да напредуваме на патот кон членство во ЕУ. Никој во ЕУ не може да ни гарантира дека Бугарија нема да продолжи со својата политика на вето. Оттука единствен пат е укинување на билатералниот Договор, во кој постои клаузула односно збор за негово напуштање. Отровно дрво раѓа отровни плодови. Од друга страна подготвени сме да преговараме за нов договор со Бугарија без асимилаторска содржина – рече Мицкоски.

Поврзани содржини