Без публика ќе се пали Олимпскиот оган во древна Олимпија

265

Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се оддржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите заради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет.

Олимпискиот оган ќе биде запален во древна Олимпија на 12 март со поскромна церемонија, по што ќе следи седумдневно штафетно предавање на огнот и церемонија на конечно предавање на огнот на 19 март, пренесеа агенциите.

Поврзани содржини