БЕЗ ПОТРЕБА СЕ КРЕВА ПАНИКА, ДУИ „ПОДГРЕВА“ Извршена е интервентна дезифекција, во „Панајот Гиновски“ може да има настава, вели Костовски
Откако се појави вознемиреност меѓу родителите на учениците од Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел, откако во просториите на училиштето бил пронајдени глушец, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски потврди дека станува збор за појава на глодар поради изградбата на нова детска градинка веднаш до основното училиште „Панајот Гиновски“.
Тој истакна дека уште на почетокот на изградбата на новата детска градинка им кажале дека се можни вакви појави.
– Во училиштето е извршена дератизација, дезинфекција и дезинсекција уште пред почетокот на учебната година. Сега е направена интервенентна активност поради појавата на глодарот. Без потребно се крева паника и ова е политички монтирано од ДУИ, нивни локални чинители тука во Бутел. Наставата може да се одвива непрекинато, без никаков проблем и поради тоа мислам дека нема никаква потреба од паника – изјави за Плусинфо градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Родителите на децата кои учат во оваа училиште вчера побараа да се исчисти и да се дезинфицира за безбедност и најавијат дека ќе продолжат со протестот сè додека не се обезбедат безбедни и хигиенски услови за наставата.
Децата не следат настава веќе три дена.