БЕЗ ПОДДРШКА ОД ЗАПАДОТ, ВОЈНАТА ЌЕ ЗАВРШИ ЗА 2 МЕСЕЦА Путин е спремен за преговори, но не со Зеленски

Нема да опстојат ниту еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Сè би било готово за месец и половина или два, изјави рускиот лидер во интервју за руската државна телевизија.

905

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека речиси тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеца“ или помалку доколку Западот престане да го поддржува Киев.

– Нема да опстојат ниту еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите. Сè би било готово за месец и половина или два – изјави Путин во интервју за руската државна телевизија.






Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е нелегитимен.

– Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите -рече Путин, нагласувајќи дека украинскиот претседател е нелегитимен бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба во Украина.

Поврзани содржини