Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид. Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата, обвини Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на одлуката на премиерот Зоран Заев да ни ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, поради пожаро т во тетовската ковид болница каде загинаа 14 лица.
– Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да, Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат – рече Ѓорчев.
Тој предупреди дека народот е револтиран и како што рече, овој срам и брука во Македонија ќе заврши, а оние кои што се виновни ќе одговараат.