Без нови заболени со ковид-19 меѓу „граѓаните“, ќе се игра дербито со Челзи

Екипата на Пет Гвардиола не го одигра натпреварот против Евертон во понеделникот поради неколку заразени фудбалери со коронавирус во своите редови.

260

Премиерлигашот Манчестер сити соопшти вечерва дека екипата повторно тренира, откако сите резултати од последните тестирања на коронавирус во тимот се негативни.

– Првиот тим на Манчестер сити, по консултации со Премиерлигата, денеска се врати во тренажен процес во рамки на подготовките за натпреварот против Челзи в недела – соопшти клубот од Манчестер на својот официјален веб-сајт.






Екипата на Пет Гвардиола не го одигра натпреварот против Евертон во понеделникот поради неколку заразени фудбалери со коронавирус во своите редови.

Поврзани содржини