СВЕТОТ НЕ МОЖЕ БЕЗ РУСКИОТ УРАНИУМ Американците коваат план како да не бидат зависни

Работите стануваат позамрсени ако знаеме дека половина од ураниумот кој САД го користи доаѓа од Русија или од Казахстан и Узбекистан. Секако, Американците размислуваат да го зајакнат ископувањето во сопствените рудници и наоѓалиштата , но обично тие се наоѓаат на места каде живеат или постојат резервати на домородци, односно американци староседелци. Ова ги кочи можните законски решенија со кои би се забрзале ископот и експлоатацијата.

534

Постои еден руски енергенс кој веројатно ќе остане недопрен во западните санкции за војната во Украина бидејќи 90 отсто од нуклеарните реактори ширум светот го користат токму него, пишува Њујорк Тајмс. Рускиот ураниум заедно со оној од Казахстан и Узбекистан се непроценливи, особено во време кога Европа размислува да се врати на нуклеарното гориво, знаејќи дека нема време ниту реален капацитет сиот недостиг од нафта или гас да го премости со „зелена енергија“ од сонцето или ветрот.

Работите стануваат позамрсени ако знаеме дека половина од ураниумот кој САД го користи доаѓа од Русија или од Казахстан и Узбекистан. Секако, Американците размислуваат да го зајакнат ископувањето во сопствените рудници и наоѓалишта, но обично тие се наоѓаат на места каде живеат или постојат резервати на домородци, односно американци староседелци.






Всушност, каде што веќе постојат ваквите рудници во САД, често доаѓа до конфликт меѓу рударските компании и домородните народи и еколозите. Рудникот „Пинион Плајн“ во Аризона, кој се наоѓа на нешто помалку од 15 милји од јужниот крај на Големиот Кањон, е извор на вакви конфликти.

Племето Хавасупаи, чии членови живееле во областа од памтивек, местото на рудникот Мат Таав Тиијундва го нарекуваат „Тајно место за состаноци“, грубо преведено.

Сепак, шефовите на рудниците гледаат нова можност во руската окупација на Украина, Според нив, сега е моментот да се унапреди технологијата како се ископува ураниумот.

– Сега имаме можност да ја намалиме зависноста од рускиот ураниум – вели Марк Чалмерс, извршен директор на „Енерџи Фјуелс“, компанија во сопственост на „Пинион Плајн“ во Колорадо, која се бори судот да ѝ дозволи да го зголеми своето производство.

Областа на Големиот Кањон доживеа експлозија на ископување ураниум во 1950-тите и тоа траеше до 1980-тите кога беше изграден рудникот „Пинион Плајн“. Но, рудникот никогаш не работел со полн капацитет поради огромните судски процеси што се водат околу него. Во непосредна близина се наоѓа древната гробница на загинатите членови на племето Хавасупаи.

Проблемот е во тоа што рудникот произведува тешка вода богата со арсен и ураниум како резултат на дупчењето.

– Лесно е да се користи оваа војна како изговор за да се продолжи овој проект – рече Стјуарт Чавез, член на племенскиот совет Хавасупаи, во рудникот „Пинион Плајн“, еден од многуте лиценцирани наоѓалишта на ураниум, вклучувајќи ги и оние во државите Аризона, Јута и Вајоминг.

Чавез тврди дека САД би можеле да се обратат до Канада или други пријателски земји за да го вратат рускиот ураниум доколку увозот биде прекинат. Цената на рускиот ураниум се искачила за 30 отсто од почетокот на војната, што ќе им биде аргумент повеќе на конгресмените да предложат закон со кој полесно и повеќе ќе се ископува домашниот ураниум во САД.

Американците почнале да увезуваат руски ураниум по Студената војна. Со цел да се борат против заканата од нуклеарна војна, САД постигнале договор во 1992 година за купување збогатен ураниум што се користел во илјадници отфрлени руски нуклеарни боеви глави.

Наречена „Мегатони во мегавати“, програмата траеше до 2013 година. Сепак, дури и кога Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година и ја започна окупацијата на Украина годинава, САД продолжија да увезуваат големи количини руски ураниум.

САД сè уште се најголемиот купувач и корисник на ураниум во светот. Скоро една петина, односно 19 отсто од струјата во Америка се произведува во нуклеарните електрани.

Поврзани содржини