Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува” се осврна на клучните мерки на Владата насочени кон младите, при што нагласи и дека младите се клучот за иднината на државата и дека вложувањето во нив е приоритет за секоја институција.
– Оваа Влада и премиерот Мицковски се многу фокусирани во оваа насока. Мерките што ги предвидуваме ние, во оваа власт, се насочени кон младите. Предвидуваме електронски уред за секој студент, без разлика дали е на државен или приватен факултет, што е исклучително битно – истакна Перински.
Перински најави и финансиска поддршка за младите претприемачи и нагласи дека се издвоени 10 милиони за стартапи за лица до 29 години.
– Предвидуваме 10 милиони за стартапи за лица до 29 години. Навистина суштински е потребно, затоа што младите луѓе се многу пообразовани од она што ние мислиме дека се. Ако им се овозможи оваа алатка, тие ќе имаат мотивација да се градат и развиваат во рамки на сопствената држава – изјави Перински.
Перински ја нагласи и важноста на подобрувањето на условите за образование.
– Иако не е мој ресор директно, како влада сме насочени кон реконструкција и вложување во инфраструктурата во рамки на факултетите и во реконструкција на студентските домови, за што се предвидени 18 милиони евра – кажа Перински.
Перински на крајот на својата изјава испрати силна порака.
– Верувајте ми, без млади нема иднина, ниту за локалната самоуправа, ниту за државата. Ние, како влада и локална самоуправа, ги мотивираме да останат, да растат и да се развиваат тука. Бидејќи, секаде на друго место сте гости, само дома сте дома. Младиот човек треба да има соодветно образование и услови за реализација. Потоа, треба да му се пружи алатка како своите идеи, стекнати преку образовниот процес, да ги реализира и надградува во рамки на својата држава – заклучи Перински.