БЕЗ КОРОНА СВЕТОТ ИМ СЕ ВРАТИ НА ЛУДИТЕ ПРОСЛАВИ Преполни плоштади во светските метрополи (ГАЛЕРИЈА)

По две години со пандемија, прославите повторно беа целосно ослободени од ограничувања. Се вратија и концертите и масовните собирања на плоштадите.

296

Новогодишната ноќ во градовите ширум светот во првата година по пандемијата на коронавирус привлече голем број луѓе на улиците, со спектакуларни изведби на музички ѕвезди и огномети. По две години со пандемија од корона, прославите повторно беа целосно ослободени од ограничувања.

London, EPA-EFE/TOLGA AKMEN





Велика Британија ја дочека Новата година со огномет над реката Темза, со кој и оддаде почит на покојната кралица со снимка од нејзиниот глас и зборови од актерката Џуди Денч, пред да му оддадат почит на кралот Чарлс, заедно со неговата порака за потребата од зачувување на иднината на нашата планета.

Paris, France, 01 January 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Пред одбројувањето и огнометот што започнува на полноќ, парижаните и туристите беа поканети да се соберат на Шанзелизе од 22 часот за да уживаат во музичката програма во чест на француските уметници. Традиционалната новогодишна ноќ на Шанзелизе во Париз беше разубавена со прекрасно осветлување. Новогодишниот огномет се врати по пауза од две години.

Њујорк традиционално ја дочека Новата година на Тајмс Сквер. Публиката до полноќ имаше можност да ужива во изведбите на J-Hope и New Edition, а на полноќ на Тајмс Сквер беше пуштена песната на Френк Синатра „New York“. Точно на полноќ, одекна громогласен аплауз. Студеното време и снегот не ја расипаа новогодишната еуфорија.

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Прославата не ја заобиколи ниту Москва, иако властите го затворија познатиот Црвен Плоштад поради ограничувањата на пандемските мерки и го зголемија полициското присуство во областа. Од друга страна, во главниот град на Украина улиците беа пусти и немаше навестување за новогодишна прослава.

Во Кина и покрај ограничувањата граѓаните сепак излегоа на улиците да ја дочекаат новата 2023 година.

Поврзани содржини