БЕЗ ИНТЕРНЕТ И БЕЗ ТРАМП – НИШТО Анализите покажуваат дека режимот во Иран е далеку од паѓање

Луѓето не знаат дали некој друг излегол на улица. Не можат да се поврзат. Не знаат дали вреди да продолжат да ги изложуваат главите над бедемот по последните две ноќи на протести, кои беа однапред најавени и координирани, велат аналитичарите.

823

Масовните протести се далеку од револуција. Народот во Иран веќе го доживеал ова. Во 2009 година – поради наводна изборна кражба; во 2019 година – поради цените на горивата; во 2022 година – поради злоставувањата на полицијата за морал, пишува Скај њуз Лондон, во својата анализа за последниот развој на настаните во Иран.

Властите го усовршија својот метод: преку бруталноста на Револуционерната гарда и милициите Басиџ, убиства на демонстранти, масовни апсења, јавни погубувања и исклучување на интернетот.






Последната точка е од огромно значење. Тоа значи дека луѓето не знаат дали некој друг излегол на улица. Не можат да се поврзат. Не знаат дали вреди да продолжат да ги изложуваат главите над бедемот по последните две ноќи на протести, кои беа однапред најавени и координирани.

Видеата што ќе ги видат ќе бидат оние на државната телевизија, каде ќе слушнат закани дека ќе се користи смртна казна врз демонстрантите наречени „вандали“ или „терористи“, и каде ќе гледаат провладини толпи, како и контролирани, но сепак злосторнички задушувања.

Тешко е да се одржи темпото на протестите низ сите 31 покраина на Иран, особено кај протест без очигледен лидер (барем внатре во самиот Иран), ако луѓето се ставени во информациски мрак.

Реза Пахлави, син на поранешниот шах, јасно има извесна поддршка на улиците, но тој е во САД и неговите повици за штрајкови и понатамошни протести тешко се пробиваат.

И, секако, исклучувањето на интернетот им овозможува на властите да вршат репресии по сопствен избор, без видливоста што би ја донела поврзаноста на мрежата. Истото се случи во 2019 година, кога беа убиени најмалку 1.500 демонстранти. Сè уште сме далеку од такви бројки, иако поради недостигот на информации, тоа е тешко да се процени.

Единствената пречка режимот да го продолжи овој информативен мрак е бесконечната економската штета што ќе ја нанесе на веќе издишаната економија. Но, има уште многу простор за тоа колку можат да заострат репресиите, а тие не покажуваат никаков знак дека ќе попуштат.

Револуциите би барале поддршка од елита – делови од безбедносниот апарат да одлучат дека повеќе нема смисла да продолжат да му се покоруваат на 86-годишниот врховен лидер. Тоа, исто така, не изгледа дека се случува.

Џокерот е Доналд Трамп. Тој вети дека ќе удри силно по Иран ако режимот отвори оган врз демонстрантите. А тука е и Израел, кој би можел да ја искористи приликата за нов напад. Исламската теократија во Иран е поранлива отколку кога и да било. Но таа самата е родена од револуција, а врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи воопшто не е расположен да покаже слабост.

Поврзани содржини