БЕЗ ГАС НИ НЕМА СПАС Гасификацијата на домаќинствата ќе го намали загадувањето
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку имаше гас за домаќинствата во Скопје и другите поголеми градови, сега ќе зборувавме за намалена загаденост на воздухот.
Скопје е на листата најзагадени градови во светот затоа што владата не направи ништо половина деценија да го смени тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ 5 години е на власт, и 5 години нема ниту еден проект со кој ќе се намали загадувањето и ќе се подобри квалитетот на воздух во Скопје и во другите градови“, порачаа од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку имаше гас за домаќинствата во Скопје и другите поголеми градови, сега ќе зборувавме за намалена загаденост на воздухот.
„Гасификацијата е еден од главните фактори кои ќе ја намалат загаденоста на воздухот, а влада на СДСМ не е способна да ја спроведе. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе посегне кон реализација на проекти како целосна гасификација на земјата. Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздух, но за тоа се потребни промени“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.