БЕЗ ДВАЈЦА ПРВОТИМЦИ ПРОТИВ АЗЕРБЕЈЏАН Миовски и Алиоски ќе го гледаат натпреварот пред телевизор

Во македонските редови за утрешниот натпревар ќе недостасуваат повредениот Бојан Миовски, како и Езџан Алиоски, кој е ослободен од репрезентативните обврски поради семејни причини.

104

Македонската фудбалска репрезентација во ослабен состав ќе го одигра последниот натпревар за оваа календарска година, против Азербејџан утре со почеток во 14 часот на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.

Во македонските редови за утрешниот натпревар ќе недостасуваат повредениот Бојан Миовски, како и Езџан Алиоски, кој е ослободен од репрезентативните обврски поради семејни причини.






Македонската фудбалска репрезентација е во серија од четири натпревари без победа, три порази и реми против Финска (1-1) во пријателскиот натпревар во Скопје во четвртокот, додека Азербејџан пред гостувањето во Скопје ја совлада Молдавија на гостински терен со 2-1.

Поврзани содржини