Без англиски навивачи ако Истанбул остане домаќин на финалето во ЛШ
Британското Министерство за транспорт синоќа ги повика британските државјани да избегнуваат патувања во Турција во која поради зголемениот број заразени со коронавирус на сила е карантин до 17 мај.
Одигрувањето на „англиското“ финале во Лигата на шампиони (ЛШ) на стадионот „Ататурк“ во Истанбул на крајот од мај е загрозено, откако британската Влада донесе одлука со која ја стави Турција на списокот ризични земји за патување поради пандемијата на коронавирусoт.
Во финалето кое треба да се игра на 29 мај во Истанбул се пласираа две англиски екипи, Челзи и Манчестер сити.
УЕФА претходно неделава изрази надеж дека двете екипи ќе можат да добијат по 4.500 влезници за своите навивачи за финалето во Истанбул.
Британското Министерство за транспорт синоќа ги повика британските државјани да избегнуваат патувања во Турција во која поради зголемениот број заразени со коронавирус на сила е карантин до 17 мај.