📽️ „БЕЗ АИ, АМЕРИКА 1.000% ЌЕ БАНКРОТИРА“ Според Маск, само роботите можат да ги спасат САД
Во најостриот дел од разговорот, Маск директно рекол дека без масовна примена на вештачка интелигенција и роботика, САД би „банкротирале 1.000 проценти“. Според него, само овие технологии можеле драматично да ја зголемат продуктивноста, да создадат нова вредност и да овозможат долгото сервисирање на долгот без целосен колапс на државните финансии.
Америка влегувала во зона на тивка паника, предупредува милијардерот Илон Маск во ново подкаст-интервју. Еден од најбогатите луѓе на планетата тврди дека финансискиот колапс на САД станува неизбежен доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја преземат улогата на економски мотор.
Во интервјуто пренесено од Форбс милијардерот отворено зборувал за експлозијата на јавниот долг и за ограничениот маневарски простор на федералната држава.
Долгот што јаде сè пред себе
Маск нагласува дека јавниот долг на САД достигнува околу 38,5 трилиони долари. Само каматата, според него, чини близу 1 трилион долари годишно. Таа сума веќе го надминува буџетот на американската армија и трошоците за клучни социјални програми.
Таквата динамика, според Маск, не може да се сопре со класични фискални алатки.
ДОГЕ и битката со расипништвото
Зборувајќи за својата улога во Одделот за владина ефикасност, познат како ДОГЕ, Маск објаснувал дека агресивното кратење трошоци не било идеолошка одлука, туку обид да се купи време. Тој признава дека процесот бил болен и дека имало грешки, вклучително и отпуштања по кои дел од клучниот кадар морал повторно да се вработи.
Сепак, суштината, според него, била спречување на фискална спирала без излез.
„Без АИ сме готови“
Во најостриот дел од разговорот, Маск директно вели дека без масовна примена на вештачка интелигенција и роботика, САД би „банкротирале 1.000 проценти“.
Според него, само овие технологии можат драматично да ја зголемат продуктивноста, да создадат нова вредност и да овозможат долго сервисирање на долгот без целосен колапс на државните финансии.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на воените трошоци на 1,5 трилиони долари годишно. Таквиот чекор, барем краткорочно, може повторно да го надмине износот на каматите по долгот. Маск, сепак, смета дека тоа било само одложување, не и решение.
Дeфлација е новата закана за САД?
Иако технолошкиот бум би можел да го зголеми производството, Маск предупредувал на сериозен ризик од дефлација. Брзиот раст на понудата на стоки и услуги, без соодветно зголемување на паричната маса, можел дополнително да го отежне сервисирањето на долгот во реални услови.
Експертите додаваат дека инфлацијата краткорочно помага, но потоа ги зголемува приносите на обврзниците и ги крева каматните трошоци.
Резервна валута – последен штит
Соединетите Американски Држави сè уште имаат предност бидејќи доларот останува светска резервна валута. Тоа ѝ овозможува на државата да позајмува по пониски каматни стапки и ѝ дава простор на централната банка да интервенира преку откуп на обврзници.
Сепак, Комитетот за одговорен федерален буџет предупредил дека земјата се движи кон повеќе можни фискални кризи доколку насоката не се смени.