📽️ „БЕВ ВО КОМА 20 ДЕНА“ Холивудската ѕвезда проговори за мистериозната болест
Холивудскиот актер Џејми Фокс искрено проговорил за својата мистериозна здравствена состојба поради која беше три недели во кома.
Холивудскиот актер Џејми Фокс искрено проговорил за својата мистериозна здравствена состојба поради која беше три недели во кома.
Оскаровецот ја споделил приказната за својата болест со група луѓе на улиците на Аризона во видео споделено на социјалните мрежи во понеделникот.
Фокс беше хоспитализиран во периодот додека го снимаше филмот „Враќање во акција“ (Back in Action) со Камерон Дијаз во Атланта.
Актерот подоцна откри дека не можел да оди и дека „видел тунел, но не и светлина“ додека се борел да преживее.
Тој бил снимен како им се отвора на обожавателите за неговата мистериозна болест. Открил дека сè започнало со „силна главоболка“ поради која „побарал Адвил“, по што се разбудил по речиси три недели без да се сеќава што се случило, пишува „Дејли мејл“.
„Ме снема 20 дена, не се сеќавав на ништо“, рекол актерот.
Фокс истакнал дека сестра му и ќерката го однеле на лекар, кој рекол: „Нешто се случува таму“, покажувајќи кон неговата глава.
Џејми Фокс порача дека не би му го посакал тоа што го преживеал ниту на својот најголем непријател и поради тоа исклучително го почитува животот.
Jamie Foxx was spotted in downtown Phoenix, where he told a small group of people that on April 11th, 2023, he had a bad headache, asked a friend for an Advil, and then woke up 20 days later with no memory of what happened. pic.twitter.com/wIhuvN9hCC
— The Art Of Dialogue (@ArtOfDialogue_) July 1, 2024