БЕВ ШОКИРАН КОГА МИ РЕКОА ДЕКА ПОЧИНАЛА ЗАШТО „ИСПИЛА ВОДА“ Таткото на Ангелики која се удави во камп на Халкидики даде изјава за медиумите

На 19 август на кампот му беше одземена лиценца од страна на Општина Касандра. Било констатирано дека еден од базените немал доволно ограда и не е заштитен за децата. Вториот базен во кампот исто така имал неколку пропусти. Никаде немало елеци за спасување или маркери за длабочина.

5,503

Таткото на 8-годишната Ангелики која на 13 август се удави во базен во камп на Халкидики изјави дека бил шокиран кога вработените од кампот му се јавиле велејќи дека девојчето починало поради тоа што „се напило вода“ и дека потоа било пронајдено во несвест.

Христос Казазис во интервју за грчка „Прототема“ вели:






– Од кампот ни се јавија околу 16 часот, што многу нè изненади – знаевме дека во тој момент ручаат. Кога потврдивме дека сме родителите на Ангелики, ни рекоа дека нашата ќерка „испила вода“, а потоа додадоа дека била пронајдена онесвестена.

Казазис додава:

– Веднаш отидовме во болница, детето беше интубирано таму. Пристигнавме и ги чекавме,.

Таткото додаде дека дефинитивно имало големи пропусти во организацијата и грижата од страната на луѓето во кампот.

Шест дена по инцидентот, на 19 август на кампот му беше одземена лиценца од страна на Општина Касандра. Било констатирано дека еден од базените немал доволно ограда и не е заштитен за децата.

Вториот базен во кампот исто така имал неколку пропусти. Никаде немало елеци за спасување или маркери за длабочина.

Според одлука од 2016 година со која се дефинирани критериумите за работа на кампот на Халкидики, базенот мора да се наоѓа на безбеден и точно ограден простор со фиксна ограда од 1,20 метри и под надзор на вработен спасувач.

Водачот на групата изјавил дека не ги броел децата кога излегувале од вода и видел дека во трпезаријата го нема осумгодишното девојче. Во тој момент во паника почнал да ја бара Ангелики без да го извести кампот.

Вработениот спасувач изјави дека не забележал никого во водата околу 13 часот. Алармот во кампот бил вклучен нешто пред 15 часот, два часа подоцна.

– Штом децата завршија со пливањето, околу 13:15 часот според распоредот, погледнав во базенот. Не видов никого и потоа ја заклучив двојната влезна врата – вели спасителот во својата изјава.

Истрагата продолжува, додека семејството на девојчето бара да одговори на прашањето како се случила оваа трагедија.

 

ВО БАЗЕНОТ ИМАЛО ДРУГИ ДЕЦА, А ТАМУ БИЛЕ И ВОДАЧОТ И СПАСИТЕЛОТ Нови детали за девојчето што се удави на Халкидики

НЕЈЗИНОТО ТЕЛО ЛЕБДЕШЕ НА ВОДАТА Се удави 8-годишно девојче на Јадранско Море

Поврзани содржини