БЕТОНСКИ СТОЛБ УСМРТИ РАБОТНИК ВО ЧАИР Полицијата истражува смртен случај на градилиште
Повеќе детали околу причините за паѓањето на столбот и дали имало други лица на градилиштето во моментот на несреќата, засега не се познати, информираат од полицијата.
Во трагичен настан кој се случи вчера во попладневните часови во скопската населба Чаир, еден работник го загуби живот на градилиште.
Според информации од полицијата, 54-годишен маж од Скопје додека извршувал градежни работи во дворно место од куќа во Чаир, врз него паднал бетонски столб кој го усмртил. Повеќе детали околу причините за паѓањето на столбот и дали имало други лица на градилиштето во моментот на несреќата, засега не се познати.
По дојавата, на местото на настанот веднаш излегла екипа од СВР Скопје која извршила увид. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта.