Бетон го продава истиоимениот хотел во Дојран
Се задолжува Одборот на директори на ДГ „Бетон“ АД Скопје да спроведе транспаретна постапка за продажба и да го продаде хотелот согласно условите на пазарот - се вели во соопштението.
Собранието на акционери на друштвото за градежништво „Бетон“ АД Скопје на седницата одржана 2 октомври, годинава донесе одлука за продажба на Хотелот „Бетон“ во Дојран.
– Се задолжува Одборот на директори на ДГ „Бетон“ АД Скопје да спроведе транспаретна постапка за продажба и да го продаде хотелот согласно условите на пазарот – пишува во одлуката објавена преку Македонската берза.
Исто така во соопштението пишува дека хотелот ќе биде продаден на најповолниот понудувач со кого ќе биде склучен договорот за купопродажба.