„Best way investment“ донираше компјутери за децата од СОС Детско село

268

Компанијата „Best way investment“ обезбеди компјутери кои ги донираше на децата од СОС Детско село.

– СОС Детско село веќе 19 години посветено работи со и за децата кои ја загубиле, или се во ризик од губење на родителската грижа. Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе. Визијата и мисијата на СОС Детско село целосно се поклопува со основниот принцип на работа на „Best way investment“ ДООЕЛ чија основна цел е градење на вредности кои траат. Децата се нашата иднина и не постои поголема вредност од вложувањето во нив. Децата во ризик, заслужуваат исти услови за учење и развој како и останатите – велат од компанијата.

„Best way investment“ ги помага децата поддржани од СОС Детско село, а задоволството и насмевките на лицата на децата поддржани од СОС Детско село, се и задоволство на сите вработени во компанијата, додаваат оттаму. 

Поврзани содржини