Бессона ноќ во палатата, кралицата се затворила во одаите и свикала итен состанок

7,773

Интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари ѝ го дадоа за Опра Винфри предизвика бура во целиот свет, а особено во кралското семејство, чии членови, како што пишува „Дејли мејл“, се затвориле во своите одаи и одржуваат состаноци околу тоа кои чекори да се преземат понатаму.

Како што пишува „Дејли мејл“, Бакингемската палата е парализирана од „тагата и шокираноста“ откако принцот Хари со ова интервју „фрли атомска бомба на своето семејство“.






Кралицата Елизабета Втора (94), принцот Чарлс (72) и принцот Вилијам (38), наводно, се заклучиле во своите одаи и размислуваат како да реагираат на низата експлозивни обвинувања изнесени од принцот Хари и неговата сопруга за време на интервјуто. Итниот состанок, како што велат, го свикала самата кралица.

Оние кои се запознаени со настаните во палатата, велат дека внатре владее „расположение на шок и тага“, бидејќи принцот „го бомбардирал своето семејство“. Наводно, членовите на кралското семејство, како и вработените, со неверување шетаат во замокот…

Кралското семејство поминало бессона ноќ во палатата.

Војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто го обвиниле кралското семејство за расизам – наводно неименуван член на семејството кој не е ни кралицата ни војводата од Единбург Филип, стравувал која боја на кожа ќе ја има нивниот син Арчи, а Меган се пожалила дека не добила поддршка од платата кога барала помош поради суицидни мисли.

Новинарката на Би-би-си, која го следи кралското семејство, Даниела Релф, оценила дека Бакингемската палата нема да брза со реакција за да не ја влоши веќе лошата ситуација.

Министерот во британската влада и близок соработник на Борис Џонсон, лорд Зак Голдсмит, вчера сликовито објасни како интервјуто влијаело на палатата, но и на цела Британија. Одговарајќи на сугестијата дека војводата и војвотката од Сасекс „наполниле авион и фрлиле бомба врз Бакингемската палата“, тој на Твитер објави: „Не само на палатата – туку и на семејството на Хари. Хари го крена во воздух своето семејство“.

Како што пишува „Дејли мејл“, кралскиот персонал останал буден до три часот наутро и го гледале интервјуто преку видеоврска во живо од САД. Интервјуто будно го следел приватниот секретар на кралицата и на принцот Чарлс, сер Едвард Јанг.

 

 

Поврзани содржини