БЕСРАМНО ГО ЗЛОУПОТРЕБУВАШ ИМИЏОТ НА АХМЕТИ „Огнениот“ Меџити го искара Груби

1,917

Ироничното видео на Фејсбук што го објави првиот вицепремиер Артан Груби, го збесна партискиот потпретседател од „огнената група“, Изет Меџити. Тој го нарече злоупотреба потегот на Груби, додавајќи дека станува збор за бесрамност и некоректност.

На видеото лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее во својата канцеларија. Со песната, како што објави Алмакос, Ахмети наводно ѝ одговара на т.н. „огнена група“ од партијата чии членови вчера од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“






Меџити ја повика ДУИ да се ослободи од узурпаторите и од неспособните.

– Да го снимаш Али Ахмети како пее, а потоа да ја објавиш истата снимка, да ja дефокусираш јавноста од вистинскиот проблем е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Да го снимаш Али Ахмети и да ги чуваш овие видеа за да ги користиш кога ти одговара е некоректно и се чини дека тоа не се случува првпат –  реагирашеМеџити, објави Алсат-М.

 

 

Поврзани содржини