БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ НА АЕРОДРОМОТ СТЕНКОВЕЦ ЌЕ СЕ РУШАТ Државниот инспекторат донесе решение, нема „свадбарски“ компромиси

Градежниот инспекторатот  соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите, односно констатирано е дека на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности).

250

Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект  во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец со кој оперира  Аероклубот „Скопје“ бидејќи бил дивоградба и е небезбеден за организирање на свечености.

Инспекторатот  соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите, односно констатирано е дека на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности).






Исто така изречена е забрана за користење на салата за свадби, терасата и апартманите, за организирање на музички концерти, родендени и свадби бидејќи претставуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето. Инспекторатот му забрани на Аероклубот да не  врши ниту адаптација на намената на Хангарот за авиони за организирање на музички концерти, родендени и свадби, без да поседува Одобрение за пренамена.

„ СЕ изрекува ОПОМЕНА до ДВТ АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево, за отстранување на угостителскиот објект со сала за свадби, тераса и апартмани на КП бр.2825/1 КО Глуво Бразда, бидејки е изграден без Одобрение за градење и преставуваат бесправно изградени објекти.  Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка опомена ова решение изнесува 8 дена од денот на приемот.

СЕ изрекува ЗАБРАНА за користење на салата за свадби, терасата апартманите и КП на бр.2825/1 КО Глуво Бразда, за организирање музички на концерти, родендени свадби, и бидејки можат да предизвикаат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето (забраната важи до моментот на отстранување на објектот).  Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка забрана од точка 3 решение изнесува три дена од денот на приемот.

Жалбата изјавена против ова решение, не го одлага неговото извршување“ се наведува во решението на Државниот  градежен инспекторат.

Вонредниот инспекциски надзор, како што е соопштено, е по налог на владата.

Како што пишуваше Плусинфо претходно на спортскиот аеродром Стенковец, е изграден  објект кој организира свадби, разни други настани и концерти, за што на располагање има неверојатни 250.000 квадрати. Објектот се рекламираше и на социјалните мрежи.

Тогаш од Аероклубот „Скопје“ тврдеа дека  нема ништо спорно. Долгогодишниот член на Аеро-клубот и инструктор по падобранство, Јане Стефанов, објаснува дека тоа што настаните во „Дион Стенковец“ се рекламираат како да се одржуваат на површина од 250.000 квадратни метри е само „рекламна хипербола“ на Инстаграм, но дека реално се користат само околу 35.000 квадрати, без да се зафаќа пистата или целиот аеродром.

И сопственикот на „Дион“, Никола Талев, за Плусинфо тврди дека објектот во Стенковец бил „со сите дозволи“, за што може да се увериме кај субјектот што го издава под закуп. И Талев објаснува дека тоа што во објавите на социјалните мрежи се спомнуваат 250.000 квадрати било само – рекламен трик.

📽 КАКО ДА СЕ „ЛАПНЕ“ СПОРТСКИ АЕРОДРОМ И ДА СЕ НАПРАВИ БАЛКАНСКИ ВУДСТОК НА 250.000 КВАДРАТИ „Дион Стенковец“ има големи амбиции, а дали ги има и сите потребни „папири“?

 

Поврзани содржини