БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ДВЕ ВОЗИЛА ВО КАРПОШ Месецов ќе почне зонско паркирање и во оваа општина

1,823

Месецов ќе почне наплата на зонско паркирање во скопската општина Карпош.

Во тек е поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација.






На сите корисници станари им се овозможува бесплатно паркирање на две возила. Инаку 1 час паркирање ќе биде 25 денари.

Заинтересираните корисници треба да ги достават потребните документи секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота 09:00-17:00 часот, во канцеларија Карпош, на ул. Дрезденска бр. 15/3 (во зградата спроти Катастар на РСМ).

За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на контакт телефоните: 02/ 305 13 24,   02/ 321 55 66 и моб. 070/309 144 и на веб страната: https://www.gradskiparking.com.mk/pocetna.nspx

Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, целта е да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила, а се овозможува паркирање на категориите корисници на претпријатието и корисници за час паркирање, наведуваат од Општината.

Поврзани содржини