БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ЗА АНТИТЕЛА ВО БРИТАНИЈА Државата сака да дознае на кого му треба трета доза

Новата амбициозна владина програма која ќе ја води Агенцијата за здравствена безбедност треба да ѝ открие на Велика Британија кој и како во иднина ќе се вакцинира, вклучително и со трета доза.

360

Секој полнолетен Британец кој ќе излезе негативен на ПЦР-тест за коронавирус ќе може да купи или, ако има среќа да е меѓу првите 8.000 луѓе тој ден, да добие бесплатен тест за антитела со кој во рок од 28 дена ќе може да види колку е имун на болеста, пренесува МИА.

Новата амбициозна владина програма која ќе ја води Агенцијата за здравствена безбедност треба да ѝ открие на Велика Британија кој и како во иднина ќе се вакцинира, вклучително и со трета доза. Според Саџид Џавид, министерот за здравство на Обединетото Кралство, тестирањето ќе биде брзо и лесно.






Откако станува сѐ поизвесно дека ќе има вакцинирање со трета доза, повеќе земји во светот размислуваат за вакво масовно тестирање на антитела на своите граѓани, а се смета дека времето во кое треба таа да се прими е различно кај секој човек и зависи токму од антителата кои тој ги поседува.

Поврзани содржини