Бесплатен превоз за пензионерите од петок
Од ЈСП апелират на рационално користење на превозот и на задолжително носење заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид 19.
Од петок (29 мај) ќе продолжи да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за жени со над 62 години возраст и мажи со над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
Од ЈСП апелират на рационално користење на превозот и на задолжително носење заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид 19.