БЕСПЛАТЕН ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА СКОПЈЕ Граѓаните ќе можат да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот

2

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот.

Со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале некогашниот изглед и дух на градот.






Поаѓањето е од Порта „Македонија“ во сабота (25.06) во 10 часот. Заинтересираните граѓани може да се пријавата на телефонскиот број:  +389 71 250 419.

Целта на разгледот е потсетување на минатото, чување на меморијата на Скопје и пренесување на приказната на идните генерации.

Поврзани содржини