БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ Е МОЖЕН САМО СО БРТ Арсовска ги лаже скопјани, обвинува СДСМ

Арсовска треба да си ги совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Taa конечно треба да почне да работи за Градот и за интересите на граѓаните, наместо да го кочи развојот на Скопје, се вели во соопштението на СДСМ.

615

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите два месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти, реагираше СДСМ преку соопштение.

„Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој. И самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска. Наместо да го реализира БРТ системот, таа ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако граѓаните очекуваа бесплатен јавен превоз уште во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Најавите дека бесплатен јавен превоз ќе има за две години од сега е голема лага и потценување на скопјани. Бесплатен јавен превоз е возможен само со Бас рапид транзит со кој се обезбедува поголем опфат на патници, почести линии и побрзо минување на трасата. Арсовска треба да си ги совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Taa конечно треба да почне да работи за Градот и за интересите на граѓаните, наместо да го кочи развојот на Скопје“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини