БЕСНИЛО ЌЕ СЕ ТЕСТИРА НА ДИВИ ЖИВОТНИ Угинати мачки и кучиња АХВ веќе не собира
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), продолжува да собира угинати диви животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило.
Собрани се доволен број примероци од кучиња и мачки, поради што овие животни се исклучени од кампањата за подобар пасивен надзор на болеста беснило.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), продолжува собирањето угинати животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило.
– Кампањата „Стоп беснило” во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед дека се прибрани доволен број примероци од кучиња и мачки, ги исклучуваме овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата „Стоп Беснило” продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 – велат од АХВ.
Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило“.
Кампањата „Стоп беснило“ почна на 30 јули со првиот дел – медиумска промоција на аудио и видео спотови за едукација на граѓаните.