БЕСНИ АНТИВАКСЕРИ СО АВТОМОБИЛ ЈА БРКАА АРДЕРН Премиерката на Нов Зеланд вели тоа е само уште еден ден (ВИДЕО)

Ова е само одраз на фактот дека ние сме тие што ги носиме одлуките. Ако на луѓето не им се допаѓаат одлуките што се носат, секако дека ќе слушнеме повратни информации за тоа, рече премиерката.

863

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн уште еднаш покажа дека ретко може да ја „извади од такт“.

На социјалните мрежи деновиве кружи видео од минатонеделните протести против вакцинацијата, кога комбето во кое беше Ардерн беше забележано и опкружено од гневни демонстранти.






Сè е снимено од лице во автомобилот, а на снимката се слуша „ете ја Џасинда“ и „ова е забавно, среде потера сме“. Автомобилот со камерата го бркаше комбето на премиерката, а во еден момент некој ја нарече Ардерн нацист и ја пцуеше. Се слушнаа и демонстрантите кои извикуваа „срам да ви е“ и „не се согласуваме“.

Додека автомобилот се обидувал да го блокира комбето, владиното возило било принудено да се качи на тротоарот за да избегне судир, а потоа продолжило понатаму.

На прашањето од новинарите да го коментира инцидентот, Ардерн рече дека во ниту еден момент не била загрижена за нејзината безбедност.

– Беше само уште еден ден. Не се грижев за безбедноста на луѓето кои беа со мене. Оваа работа носи нови и различни искуства секој ден. Во моментов во земјата владее поинтензивна атмосфера, невообичаена за оваа земја. Исто така, верувам дека со текот на времето ќе помине – рече таа.

Политичарите во Нов Зеланд неодамна станаа сè повеќе мета на закани од луѓето кои се уморни од строгите мерки за борба против пандемијата.

Ардерн во вторникот изјави дека изложувањето на такви инциденти е дел од нејзината работа.

– Ова е само одраз на фактот дека ние сме тие што ги носиме одлуките. Ако на луѓето не им се допаѓаат одлуките што се носат, секако дека ќе слушнеме повратни информации за тоа – рече таа.

Ардерн ја откажа сопствената венчавка откако нејзината влада воведе нови епидемиолошки ограничувања за ширењето на омикрон, кои вклучуваат носење маски, ограничување на собирите на максимум 100 целосно вакцинирани лица во затворени угостителски објекти или на свадби.

Поврзани содржини