БЕСМИРА Е ИСКЛУЧИТЕЛНА ЛИЧНОСТ Стоилковски тврди дека нејзиното именување е параван за испраќањето на вториот конзул во САД
Ова е лекција за сите оние коишто дозволуваат старите истрошени и корумпирани функционери да ги испоганат оние од коишто се плашат. Нема друга позадина. Во сенка на Бесмира треба да мине едно непотистичко решение исто за САД, вели Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, истакна дека работел со Бесмира Ејупи, потврдувајќи дека се работи за исклучителна личност чие што време допрва доаѓа.
– Но тоа не ѝ дава за право на Владата на ДУИ и помалиот партнер СДСМ да ја злоупотребува положбата и да создава гнев кон млади и квалитетни лица во земјава. ДУИ и помалиот партнер СДСМ предизвикаа и дозволија сиот гнев за нивното самоволие и можеби лукративност да падне на раменици на Бесмира. Ова е лекција за сите оние коишто дозволуваат старите истрошени и корумпирани функционери да ги испоганат оние од коишто се плашат. Нема друга позадина. Во сенка на Бесмира треба да мине едно непотистичко решение исто за САД – вели Стоилковски.
Тој додава дека ова е лекција и за неа, како и за сите други млади кои непромислено влетуваат во приказна за недораснати чевли.
– Особено во приказните на Владата на ДУИ и на помалиот партнер СДСМ – подвлекува Стоилковски.