Бескаматни кредити досега добиле 254 компании

До Развојната банка се пристигнати повеќе од 1,050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра..

760

Вкупно 254 компании со 2.853 вработени досега добиле бескаматни кредити од Развојната банка. За овие кредити исплатен е износ од  2,2 милиони евра.

По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69 отсто, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28 отсто, а средните компании до 250 учествуваат со 4 отсто.






Владата на последната седница одобри бескаматни кредити во вкупен износ од 936.602 евра. за уште 118 компании со 1.116 вработени.

Досега до Развојната банка се пристигнати повеќе од 1,050 кредитни апликации на износ од 7,5 милиони евра.

Владата за овие кредити обезбеди кредитна линија во износ од 13, 7 милиони евра.

 

Поврзани содржини