Бесими: Шесттиот антиковид пакет има решенија и за угостителите
Министерот за финансии уверува дека има пари во Буџетот за реализација и на петтиот и на шестиот пакет мерки, а со ребаланс ќе се реагира за консолидирање на буџетот за целата 2021 година.
Владата денес ќе го разгледа шестиот пакет мерки за антиковид, во кој има решенија и за угостителите, и набрзо во текот на денот заедно со министрите од екномските ресори ќе објавиме како ќе изгледа мерката и што тоа ќе значи за овој сектор, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими коментирајќи го денешниот протест на туристичко-угостителскиот сектор.
Бесими уверува дека има пари во Буџетот за реализација и на петтиот и на шесттиот пакет мерки, а со ребаланс ќе се реагира за консолидирање на буџетот за целата 2021 година.
– Се реагира навремено и потаргетирано во однос на ефектите од кризата. Како Влада ги следиме бројките во економијата и реагираме со соодветни мерки. И во однос на Буџетот соодветно се реагира со цел да може тој да се финансира – рече Бесими.