БЕСИМИ НАЈАВИ ШТЕДЕЊЕ Со ребалансот на буџетот ќе се крати од капиталните инвестиции

Не е исклучено Македонија преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготвките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот, рече Бесими.

632

Фатмир Бесими, министер за финансии во интервју во емисијата Анализа на телевизија 24 вели дека со ребаланс на буџетот кој го планираат ќе кратат од капиталните инвестиции, односно како што изјави тој во делот на патна железничка инфраструктура и проектите од здравството ќе има кратење на средствата.

– Главните проекти, дали тоа е патна инфраструктура, железничка инфраструктура, или овие проекти што се во здравството, проектите кои што според актуелната состојба се гледаат дека до крајот на годината нема да се реализираат со таа динамика за кои се резервирани пари, затоа што буџетот е план и тоа се резервирани пари за одредена намена, доколку знаеме дека за таа намена нема динамика на реализација до крајот на годината ние тој план го ревидираме на начин таму каде што имаме најитни потреби и каде што знаеме дека ќе се реализира, тоа е всушност тоа што го викаме ребаланс – вели Бесими.






Министерот во врска задолжувањето со еврообврзницата истакна дека е можно задолжување однадвор.

– Не е исклучено Македонија преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготвките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот – рече Бесими.

Бесими додаде дека државата морала да чека да се зголемат цените на повеќето производи, за потоа да се интервенира.

– Ние никој не откриваме топла вода или Америка по втор пат. Сите тоа го знаат. Кога се работи за ваков голем пакет, не можеме нешто преку ноќ да смениме. Ние сме меѓу првите што воведовме вакви мерки во регионот. Сега со измените воведовме механизам за да било која влада има инструмент. Но не застануваме тука. Кризата е голема, нашата економија е мала, но ќе се потрудиме и ќе се организираме за да придонесеме за олабавување. Затоа е апелот за штедење и рационално користење на енергенсите – потенцира Бесими.

Поврзани содржини