Бесими: Ќе има ребаланс на буџетот, ако се потребни дополнителни мерки

Министерот за финансии рече дека сега има средства за реализација во наредните месеци, односно во првата половина од годината,

255

Доколку има од дополнителни мерки  ќе има ребаланс на буџетот. Буџетот го вклопува целиот петти пакет и дополнителните пари  и се предвидува да се реализира.Но не за брзо време, затоа што сега има средства за реализација во наредните месеци, односно во првата половина од годината, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конфернеција на која беше претставен петиот пакет економски мерки.

–  Уште при носење на буџетот кога го проектиравме издвоивме 50 милиони евра средства како програма за ковид, исклучиво за мерките и веќе петтиот пакет мерки според динамиката предвидува во рамки на тие 50 милиони евра да се реализираат во текот на првата половина од годината, зависно од тоа како ќе тече реализацијата на истите мерки што ги проектираме. Беше најавено и минатата година, како што ќе следи годината ќе имаме соодветна корекција на буџетот, односно ребаланс, доколку има потреба во реализацијата на дополнителниот сет средства, зависно од тоа како ќе течат економските движења – рече Бесими.

 

Поврзани содржини