Бесими: 1 милијарда евра помош за стопанството
Бесими додава дека за лекот Ремдесивир се предвидени 80 милиони денари во буџетот.
Бесими во „Click Plus“ на ТВ21 потенцираше дека 1 милијарда евра се насочени кон стопанството.
Министерот за финансии Фатмир Бесими додаде дека оваа криза во која моментално се наоѓаме е наметната. Тој потенцира дека сите пакети до сега чинат 1 милијарда евра.
– ММФ констатира дека мерките даваат резултат. Со овие мерки им помогнавме на граѓаните и стопанството. Имаше сериозен удар од кризата. И не само кај нас, тоа се случи секаде низ светот – рече министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Бесими потенцираше дека 100 милиони евра се за претпријатијата кои преку МБПР, развојната банка на РСМ ќе им се доделат на компаниите во текот на следната година.
Вкупно 460 милиони денари се предвидени во буџетот за 2020 и 2021 година за вакцината против коронавирус, откри вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, министерот за финансии, Фатмир Бесими.
– Од кредитната линија од светска банка можеме да повлечеме колку имаме потреба за да се вакцинираат сите кои имаат потреба – рече Бесими во „Click Plus“ на ТВ21.
Бесими додава дека за лекот Ремдесивир се предвидени 80 милиони денари во буџетот.
– Во буџетот сме обезбедиле 50 милиони евра за Ковид програмата во 2021 година. Тука се предвидени и за петтиот пакет. Тие средства стојат во буџетот како резерва за Ковид програмата, за мерките кои треба да се реализираат – рече Фатмир Бесими во „Click Plus“ на ТВ21.