БЕСИМ КРАСНИЌИ ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА Лицето се бараше со меѓународна потерница

Лицето е спроведено во КПУ Идризово, информираше полицијата.

283

Екстрадиран е 44-годишниот Бесим Красниќи, кој се бараше со меѓународна потерница за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам, објави Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лицето е спроведено во КПУ Идризово, информираше полицијата.






„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам. Лицето е спроведено во КПУ Идризово“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини