БЕСИЈАНА ЏАФЕРИ БЕШЕ НА ФУНКЦИЈА ВО ВРЕМЕ КОГА СДСМ И ДУИ ЈА ТРЕТИРАА ДРЖАВАТА КАКО ПАРТИСКИ ПЛЕН Петрушевски бара факти и одговорност од Џафери, а не деманти
Зошто блиски роднини на највисоки функционери добивале позиции во државни компании? Зошто СДСМ и ДУИ молчат за тендерите од 8 милиони евра и сомнежите за перење 2 милиони евра? Зошто секој обид за отворање на овие теми се дочекува со деманти, а не со факти и одговорност, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМЕ Бране Петрушевски.
Фактите не се навреда, туку реалност, му одговори пратеникот на ВМРО-ДПМЕ Бране Петрушевски на пратеникот на ДУИ Талат Џафери, кој бара извинување што Петрушевски потсети дека неговата ќерка Бесиана Џафери беше на висока функција во државната компанија ЕСМ во времето кога СДСМ и ДУИ беа на власт.
„На мојата денешна прес-конференција не беше изнесена ниту една лага или невистина. Јавноста беше информирана за еден неспорен факт, дека ќерката на Талат Џафери била член на Надзорен одбор на државната компанија ЕСМ Снабдување со топлина, во време кога СДС и ДУИ ја третираа државата како партиски плен. Никој не тврдеше дека таа била член на Управен одбор на АД ЕСМ, ниту пак беше изнесена лична квалификација. Беше посочена политичка одговорност и системска пракса на непотизам“, одговори Петрушевски на фејсбук.
Наместо обиди за релативизирање преку правни финеси, одговор треба да се даде на суштинските прашања, вели пратеникот.
„Зошто блиски роднини на највисоки функционери добивале позиции во државни компании? Зошто СДСМ и ДУИ молчат за тендерите од 8 милиони евра и сомнежите за перење 2 милиони евра? Зошто секој обид за отворање на овие теми се дочекува со деманти, а не со факти и одговорност? Јавноста не бара извинувања.
Јавноста бара одговори“, вели Петрушевски.
Во својата објава на Фејсбук тој го објави и барањето за демант што му го упатил Џафери.